Милан освои само бод против Калјари на домашен терен во претпоследното коло од Серија А играјќи нерешено 0:0, со што се уште останува да се „тресе“ за пламан во Лигата на шампионите следната сезона.
„Росонерите“ денеска играа без повредениот Златан Ибрахимовиќ, беа фаворити, но пропуштија огромна шанса. Со овој „кикс“ си ги искомпликуваа работите и ќе останат до крај во неизвесност за финалниот пласман во ТОП 4 на табелата.
Да биде работата уште покомпликувана, Милан во последното коло игра со Аталанта во Бергамо, а Наполи и Јувентус се среќаваат со Верона и Болоња.