Ангеловски на клупата на Е. Пелистер до крајот на сезоната

109
РК Еурофарм Пелистер вечерва објави дека Бранислав Ангеловски од привремен, станува перманентен предводник на екипата. Тој потпишал договор до крајот на сезоната и утре од 16 часот ќе ја одржи првата прозивка за вториот дел од сезоната.
Ангеловски активно ја извршуваше улогата на спортски директор, а по заминувањето на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски од тренерската позиција, во ноември и декември минатата година ја водеше екипата на четири натпревари од Лигата на шампионите и неколку натпревари од Суперлигата и Купот на Македонија.
Првиот официјален натпревар во 2024 година Е. Пелистер ќе го одигра против Вардар 1961 во првото коло од плеј-офот на Суперлигата.
ПретходноТер Штеген се опоравува брзо, се враќа на терен до крајот на месецов?
СледноТимо Вернер се врати во Премиерлигата, потпиша за Тотенхем