Историјата е испишана, Оклахома го прегази Портланд!

291

Кошаркарите на Оклахома го декласираа Портланд со 139:77 и влегоа во историјата на НБА.
Со триумфот од 62 поени, Тандерси ја остварија најубедливата победа во историјата на франшизата, претходниот рекорд беше 45 поени од сезоната 2012/13. Оклахоа буквално ги прегази Трејл Блејзерс и сега го држи првото место во Западната конференција, додека овој триумф е и петти на вечната листа кога е разликата во прашање.

Шеј Гилгес Александар продолжи да ги тероризира ривалите, сега го предводеше тимот со 31 поен, Вилијамс даде 21. Двоцифрен учинок кај гостите имаа Симонс со 14 и Хендерсон со 13 поени.

Кајри Ирвинг блескаше во победата на Далас против Њујорк од 128:124. За 39 минути постигна 44 поени и имаше 10 асистенции. Одличен натпревар одигра и Тим Хардавеј Јуниор имаше 32 поени, додека Грин додаде 18 поени.

Резултати: Оклахома – Портланд 139:77 Милвоки – Бостон 135:102 Далас – Њујорк 128:124 ЛА Лејкерс – Феникс 109:127

ПретходноХет-трик на Милик, Јувентус во полуфинале на Купот
СледноМагијата на Теодосиќ и урнебесниот коментар на Дончиќ се хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)