Катар со победа тргна во одбрана на титулата на Азискиот куп

90

Бранителот на титулата на Азискиот куп, селекцијата на Катар со победа го отвори новото континентално првенство на Азија. Домаќинот на турнирот лесно го совлада Либан со 3-0.

Катарците не се штедеа за свеченото отворање на преполниот стадион Лусаил, кој потсетуваше на незаборавно финале на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција пред повеќе од една година.

Акрам Афиф во првото полувреме ги доведе домашните до предност од 1:0, а во вториот дел најпрво Али, а потоа и вторпат Афиф погодија за убедлив триумф на домашните од 3:0.

Останатите две селекции од групата „А“, Кина и Таџикистан, ќе играат меѓусебе утре.

ПретходноНеверојатно: Челзи го купува Фергусон од Брајтон за 115 милиони евра?!
СледноЕП 2024: Србија испушти победа, магичен кам-бек на Исланд