ФИФА донела одлука во врска со скандалозниот натпревар од квалификациите за СП 2026 година помеѓу Бразил и Аргентина на „Маракана“.
ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Бразил со 58.000 американски долари поради пропусти во организацијата на мечот и невоспоставување на ред на трибините.
Фудбалската асоцијација на Аргентина е казнета со 23.500 американски долари за нереди на навивачите на и надвор од стадионот.
Дополнително ФА на Аргентина е казнета за непримерното однесување на навивачите за време на натпреварите со Еквадор и Уругвај. ФА ќе треба да инвестира 58.800 американски долари во едукативен анти-дискриминирачки програм на ФИФА плус наредниот квалификациски меч од квалификациите на домашен терен, во септември против Чиле, ќе го игра со 50% од капацитетот на стадионот.
Како потсетување нередите на „Маракана“ се случијана 22 ноември минатата година. Мечот почна со пол часовно задоцнување поради тепачки надвор и на стадионот. Оградата беше скршена за време на интонирањето на химните поради што навивачите се степаа меѓу себе. Полицијата мораше да реагира остро за да ги растргне хулиганите.