Томовски: Германија е подобра репрезентација од Франција

207

Голманот на македонската репрезентација Мартин Томовски го анализира следниот противник на Македонија на ЕП, а тоа е селекцијата на Германија. Македонија ниту еднаш не ја победила Германија на официјален меч, а само еднаш одигра нерешено но тоа беше пред шест години.

Тие што ја познаваат Германија не е некое изненадување победата над Швајцарија во првото коло затоа што екипата е комплетна, составена од играчи од Бундес лигата, поголемо изненадување е резултатот и тоа што примија само 14 голови, а дадоа двојно повеќе.

Одиграа одличен натпревар и веројатно ќе биде пеколно тешко, нам ни останува да доспремиме некои детали“, изјави Томовски.

Што е она што треба да го смениме од мечот со Франција?

Германија е поразлична репрезентација, но квалитетот е исто така голем, јас би рекол и подобри поради нивната младост и тоа што се подобри физички и технички, полетни, влечат брз центар брза полуконтра па ќе треба добро да ги затвориме, да одиграме многу подобро од претходниот меч, а останатиот дел од нападот му го препуштам на селекторот“, завршува македонскиот голман.

 

 

ПретходноЛазаров: Германците имаат цврста дефанзива, треба да сме ментално силни и помалку да грешиме
СледноВечерва во Абиџан започнува Африканскиот куп на нациите, Сенегал ја брани титулата