Капитенот на фудбалската репрезентација на Камерун, Винсент Абубакар се повредил на вчерашниот тренинг и како што соопштија од репрезентацијата, постои можност тој воопшто да не може да игра на Африканскиот куп на нации.
Абубакар на тренингот во петокот ги повреди лигаментите на коленото, а денеска се прават дополнителни прегледи. Откако ќе бидат прегледани резултатите од сите прегледи, ќе се одлучи дали тој воопшто ќе учествува на континенталното првенство.
Абубакар е само еден од четворицата играчи во репрезентацијата на Камерун кои го освоија Африканскиот куп на нации во 2017 година.