Баскиското дерби во рамките на 20.коло во Ла Лига му припадна на Билбао, кој на свој терен со 2:1 славеше против Сосиедад. Во секој случај домашните беа подобри, посебно во првиот дел и сосема заслужена славеа и ова беше нивна четврта победа во серија. Па така сега Атлетик Билбао се наоѓа на третото место со 41 бод.
Се беше решено во првото полувреме кога Беренгуер со двата гола, во 30. и 42.минута стрелаше за убедливо водство, со тие 2:0 се замина и на пауза.
Во продолжението од средбата, Сосиедад успеа само да го намали резултат за конечни 2:1 во 88.минута преку Ојарзабал.