СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Германците се подготвени за дуелот со Македонија, кој се игра вечерва (20:30 часот) во „Мерцедес Бенц Арена“. Иако лесно ја совладаа Швајцарија, сепак ракометарите на оваа земја со голем респект гледаат кон нашиот тим, особено предводникот на оваа репрезентација.
Алфред Гисласон ги предупредил своите играчи дека не сака да се најде во ситуација да се нервира, поренцира дека Кирил Лазаров исто добро ја подготвил тактиката. Тоа што Македонија играше три различни системи на одбрана против Франација е доволно предупредување за него.
„Искрено, не сакам да дојдам во ситуација да се нервирам околу конечниот исход и тоа им го кажав на ракометрите. Мораме да стартуваме добро, да наметнеме наш ритам на игра и со тоа да стигнеме до посакуваниот резултат. Противникот не е наивен, Македонија има млада и технички многу добра селекција, тоа е репрезентација која секогаш играш со многу емоција на големите натпреварувања. Против Франција константно менуваа три различни системи во одбраната, ќе треба да се снајдеме против таквата тактика. Можам да кажам дека Лазаров ги има добро научено своите млади ракометари“, изјави Гисласон.