Хитот во шпанското првенство, екипата на Џирона киксна на гостувањето кај последнопласираната Алмерија во 20.коло на Ла Лига. Џирона одигра без голови против Алмерија која има само девет бодови на своето конто и е закована за дното на табелата.
Џирона го впиша четвртото реми но се уште го држи врвот со 49 бода, меѓутоа може да го изгуби затоа што Реал Мадрид кој има бод помалку има и меч за доигрување.
Џирона имаше лош настап, а во 80 минута остана со играч помалку поради црвен картон на Гарсија. Домашните дури можеа да победат затоа што имаа добри шанси за тоа.