Брера го донесе и младиот Лука Георгиев

1641

Брера Струмица го претстави третото ново име во своите редови во зимскиот преоден рок. По Ивковиќ и Олаосебикан, нов играч на струмичката екипа е младиот и перспективен Лука Георгиев кој доаѓа од второлигашот Осогово од Кочани.
Георгиев неколку пати беше најдобар играч на натпреварите на Осогово и постигна два гола во дуелите со Кожув и Новаци.
,, Среќен сум што од Осогово кој се натпреварува во Втората лига дојдов во Брера Струмица. Доаѓањето во овој клуб преставува императив за секој фудбалер, бидејки зад овој проект стои и името на Горан Пандев и се дава простор и шанса на младите. Ќе се обидам да дадам се од себе и секоја шанса што ќе ми биде дадена да ја оправдам. Се надевам дека и овде ќе постигнувам голови на задоволство на сите. Моите први впечатоции во Брера се позитивни пред се од приемот но и работата на стручниот штаб,, вели младиот Георгиев кој деновиве почна да тренира со сениорите на нашиот прв тим.

ПретходноНигерија киксна на првиот меч на Африканскиот куп (видео)
СледноПред „Мерцедес Бенц Арена“ има препродавачи на билети