Лазаров со една промена во составот за дуелот со Германија

453

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација во второто коло на ЕП ќе ги одмери силите со Германија. Оваа средба стартува во 20:30 часот во „Мерцедес Бенц Арена“.

Предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров направи една измена за оваа средба, во составот ќе биде Игор Ѓоргиев, додека на трибините со Марко Кизиќ ќе биде Давид Савревски.

Нашите ракометари ќе имаат тешка задача, Германија која е домаќин на овој шампионат ќе игра пред полни трибини.

ПретходноСедлоска најдобар стрелец во поразот на Локомотива во Франција
СледноКобајаши со прв триумф во СК, Крафт се изедначи со легендарниот Ахонен