Седлоска најдобар стрелец во поразот на Локомотива во Франција

126

Во меч од второто коло на ЕХФ Европската лига, ракометарките на Локомотива Загреб изгубија со 25:27 од Шамбре во Франција. Најефикасна на мечот беше Андреа Седлоска која постигна шест голови за Локомотива, сепак, нејзиниот тим доживеа вториот пораз во групата.
Седлоска од 9 обиди постигна шест гола што е 67% ефикасност.
На првиот меч, во поразот од Турингер, Седлоска имаше лош настап и од два обиди не постигна ниту еден гол.
Идниот викенд Локомотива во Загреб ќе игра против романска Дунареа.

ПретходноСилекс се засили со фудбалер од ФК Сараево
СледноЛазаров со една промена во составот за дуелот со Германија