Баерн Минхен вчера загуби од Келн со 3:2 во тест натпревар. Сепак, треба да се напомене дека „Баварците“ играат без поголемиот дел ѕвезди, односно првотимци кои после ЕУРО 2020 се на одмор.
Тренерот Јулијан Нагелсман смета дека екипата треба уште да работи.
„Треба да работиме уште многу. Не чека работа. Сепак, вистинските натпревари се оние во првенството, и мораме добро да се подготвиме за нив“, рече Нагелсман.