Како што е познато, во изборот на најдобрите на годината на ФИФА, свои гласови дадоа и селекторот и капитенот на Македонија, Благоја Милевски и Енис Барди. Интересно, и покрај што победи Лео Меси, и двајцата на прво место го ставија Ерлинг Халанд, исто и за тренерите, и двајцата најмногу гласови му дадоа на Пеп Гвардиола.
Еве како гласаа Милевски и Барди.
БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ:
Играч: 1. Халанд, 2.Алварез, 3.Родри
Тренер: 1. Гвардиола, 2. Инзаги, 3. Спалети.
ЕНИС БАРДИ:
Играч: 1. Халанд, 2. Мбапе, 3.Меси
Тренер: Гвардиола, 2. Чави, 3. Инзаги