Жозе Мурињо не е веќе тренер на Рома. Раководството на клубот од Рим се одлучи да му врачи отказ на “Специјалниот“ и тоа по лошите резултати и лошите игри на тимот од Рим во последно време.
“Му благодариме на Жозе во името на сите нас во клубот, за својата страст и посветеност што го покажа додека беше во Рома. Секогш ќе чуваме одлични спомени“ истакнаа покрај другото од Рома.
Засега не се открива кој ќе биде наследникот на Португалецот, но Де Роси ја чека својата шанса.