Де Геа веќе не е сигурен за своето место во тимот

261

Давид Де Геа го скрати својот одмор летово и се врати во базата на Манчестер Јунајтед сакајќи што побргу да стартува со тренинзи.

Причина за тоа според пишувањето на Дејлу Меил е неговиот страв дека ќе го загуби местото во стартниот тим на Јунајтед од Дин Хендерсон, кој одбрани сосема солидно миинатата сезона.
Наспроти тоа, Де Геа е далеку од формата која што некогаш ја имаше и тој е свесен дека може многу лесно да се најде на клупата.

Де геа добил дозвола лично од тренерот Оле Гунар Солскјер да земе одмор до почетокот на август но шпанецот очигледно дека е свесен што следува ако продолжи да брани онака како што бранеше во последно време.

Јунајтед инаку денеска го игра првиот пријателски меч летово против тимот на Дерби Каунти со почеток од 14:00 часот и тоа на гостински терен.

 

 

ПретходноМиле Свилар ја одбира Србија
СледноДа не јадеше бургери ќе беше најдобар на светот