За СП 2034 Саудиска Арабија ќе гради стадион на карпа висока 200 метри! (ВИДЕО)

636

Саудиска Арабија планира да изгради ултрамодерен стадион на врвот на карпа висока 200 метри кој ќе биде користен за Светското првенство во 2034 година.

Саудијците останаа единствениот кандидат за домаќин на Светското првенство, а на крајот очекувано ФИФА им ја доверо организацијата за најголемиот фудбалски турнир.

До 20234 година Саудијците планираат да воспостават доминација како еден од главните играчи во светскиот спорт. Деновиве беше претставен и концептот на еден од стадионите кој ќе биде вистинско светско чудо.

Станува збор за стадион со капацитет од 45.000 седишта кој ќе биде изграден на врвот на карпа висока 200 метри во близина на главниот град Ријад. Стадионот ќе го носи името на принцот Мухамед бин Салман, а ќе биде повеќенаменски, па покрај спортски ќе биде домаќин и на забавни и културни настани.

Од „Qiddiya Investment Company – QIC“, компанијата задолжена за изградба на стадионот, нагласуваат дека зградата ќе има покрив и терен што ќе се движат по потреба и стотици метри LED ѕид за да се создаде импресивно искуство за навивачите. Ѕидот со LED диоди е дизајниран да отвори поглед на градот долу, а се наоѓа на 45 километри од главниот град Ријад.

Во иднина стадион ќе стане дом на два локалните гиганти Ал Наср и Ал Хилал.

ПретходноЛеонид Тодоровски е ново засилување за Кожув
СледноИталија бронзена на ЕП во ватерполо