Пивара Скопје и фудбалската репрезентација станаа партнери: Заедно, и се е можно!

67

ФФМ и Пивара Скопје денеска на паркингот пред Фудбалската федерација одржаа настан по повод потпишување на договор за поддршка на Македонија на престојното Европско првенство, кое ќе го играме во Букурешт и во Амстердам.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, истакна задоволство што еден од нашите најголеми брендови ќе биде партнер на репрезентацијата на престојното Европско првенство.

„Одиме на ЕП, сон од наше детство. Ни преставува исклучително задоволство што нашата репрезенатција и куќата на фудбалот добиваат нов партнер во името на Пивара Скопје. Ме радува тоа што еден од нашите претпознатливи брендови, славното Скопско Пиво, станува бренд на нашата репрезенацијата. Ова партнерство заеднички го заслужуваме. Претставува дефиниција за успех и нови победи. Секогаш е убаво кога имате поддржувачи, а нашиот национален тим како никогаш досега ја има поддршката од сите страни. Вие потврдувате колку е важен спортот за вас. Вие во вистинска смисла станувате член на фудбалското семејство. Верувам дека заеднички ќе се радуваме на нови победи, дека ќе славиме со „наздравје – со нови победи“ Напред Македонија.-рече претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ кажа дека се горди и среќни што ќе бидат партнери со фудбалската репрезентација.

„Да го пофалам бендот, ми недостасува таа атмосфера, браво момци. Прво да им честитам на репрезенатцијата пласман на Европското првенство. Знаете дека Скопско долго време е партнер на спортот. Можеби знаете дека веќе 40 години сме партнер на репрезентацијата, на денешен ден официјално стануваме партнер на фудбалската репрезенатција. Ако постои најдобар збор што за нас тоа значи тоа е што сме горди, и среќни што сме дел од оваа приказна и историјата. Репрезентацијата ќе даде се што може на ова ЕП, што е слоган на нашето парнерство „Се е можно“. Сакам да посакам на репрезентацијата многу успех, и се надевам дека ќе ни донесат задоволство во овие незгодни времиња“, рече Сладиќ.

Воедно, на настанот беше промовиран и новиот спот и химна на групата ВИС Рисови, која ќе ги следи фудбалерите на престојното ЕП.

 

ПретходноАлонсо: Не сте свесни колку Хамилтон е добар возач
СледноКуманово го реши Вардар во една четвртина