СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Голманот Мартин Томовски беше еден од најзаслужните за триумфот над Швајцарија, прв на ова ЕП. Но македонскиот голман не се гледа себе си како херој…
„Не би се нарекол себе – херој, би рекол дека тимот е Херој. Игравме тимски и тимот ги извади поединците, на крај заедно победивме. Пресреќен сум, бидејќи покрај онаа криза и лоши настапи против Франција и Германија променивме некои работи и покажавме како е да се игра во друго светло, со многу емоции, внимателност и кога беше најпотребно постигнувавме голови, а грешките беа на најниско ниво. Заслужено се радуваме на оваа победа“, изјави Томовски.
„Му посакувам брзо закрепнување на Никола Митревски и мислам дека ние на најдобар начин му се оддолживме денеска“, додаде македонскиот голман.