Данците се жалат на организацијата: Место да одмараме, ние цел ден патуваме со воз

437

Спортскиот директор на данската репрезентација, Мортен Хенриксен, се пожали дека ЕХФ нема ист третман за репрезентациите кои мораа да патуваат во новите градови каде продолжува втората фаза од првенството.

„Ден на патување од шест часа или повеќе мора да донесе дополнителен ден за одмор. Но, кај ЕХФ нема такви правила. Велат дека е исто за сите, но едноставно не е. Затоа што репрезентациите доаѓаат од различни кола и од различни дестинации. Некои имаат подолго време на патување од другите. Очигледно ние сме оние со најдолго време на патување. Лично, мислам дека е предолго да се троши времето на транспорт со воз на ден предвиден за одмор“, вели директорот на данската репрезентација.

ПретходноЕХФ ги избра петте најубави голови на Македонија, бр. 1 е цепелинот против Швајцарија (ВИДЕО)
СледноКаква казна го чека Сити за финансиски нерегуларности: Одземање бодови или исфрлање од Премиерлигата?