Македонската младинска женска репрезентација заврши на шестото место на ЕХФ шампионатот. Нашите девојки одиграа одличен меч, иако пред самиот крај имаа негатива од пет гола, се вратија и се изборија за седмерци. Избраничките на Љубомир Савевски не се покажаа најдобро беа совладани со 32-30 (28-28, 16-11).
Противникит поведе со 4-1, најголемата позитива која Исланд ја имаше во првото полувреме беше четири гола 9-5 и 10-6. Македонија израмни на 12-13, но изгуби здив. Во вториот дел Исланд влезе сигурно, имаше пет гола позитива.
Се чинеше дека лесно ќе дојдат до бодовите, но младинките со серија од 5-0 израмнија на 28-28, последните два гола ги постигна Седлоска. Мечот се решаваше по изведување на седмерци. Исланд се снајде подобро.
Во нашиот табор најјефикасна беше Џатевска со шест гола, а веднаш зад неа Седлоска со пет