Ѓоковиќ преку Попирин до третото коло на АО

182

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло на Австралија опен откако денеска го совлада домашниот претставник Алексеј Попирин со 3:1 во сетови 6:3, 4:6, 7:6, 6:3.
Во првиот сет Новак беше незапирлив и лесно го доби, а во вториот се разбуди Попирин и возврати со неколку одлични удари но и ги искористи грешките на српскиот тенисер. Во третиот сет се играше изедначено, се играше гем за гем, Попирин доаѓаше до предност, а Србинот изедначуваше. Австралиецот имаше 6:5, Новак изедначи и се отиде во тај-брејк каде што најдобриот светски тенисер заблеска и дојде до освојување на третиот сет.
Во четвртиот Ѓоковиќ набрзина направи предност, дојде до 5:2, во меѓувреме Попирин намали, но српскиот ас сервираше до конечна победа.
Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра со Етчевери од Аргентина.
Во следното коло ќе се соочат Манарино-Шелтон, Фриц-Маросан, Ван Аше-Циципас, Синер-Баез, Махач-Хачанов, Де Минаур-Коболи, Корда-Рублев…

ПретходноГаздите на Рома веќе не можеле да го поднесат однесувањето на Мурињо
СледноУште еден Американец во КК Пелистер