ЕУРО 2024: Данска си гази, “лалињата“ имаа сила само за едно полувреме!

97

Очекувано, селекцијата на Данска во меч од главната рунда во групата 2, вечерва во Хамбург со 39:27 (18:17), успеа да слави и повеќе од убедлива победа над Холандија и со тоа да напарави голем чекор кон пласманот во полуфиналето на ова ЕУРО 2024.

Лалињата“ имаа сила за отпор само во првото полувреме, кога колку толку успеваа да се носат со силните Данци, на пауза заминаа само со –1 гол разлика.

Но во второто полувреме проработе “машинеријата“ на селекторот Јакобсен и тоа беше тоа од овој натпревар. Второ полувреме Хансен и другарите го добија со 21:10.

Во победничкиот тим Гидсел постигна 9 голови, додека Хансен и Лауге забележаа по пет реализации. Додека кај Холандија Тен Велде постигна 8 погодоци.

ПретходноСевилја со понуда до Столе вредна 2 милиони евра по сезона!
СледноМароко покажа сила и убедливо славеше против Танзанија! (ВИДЕО)