Она што го најавивме уште на 5 јануари, од вечерва е и официјално. Усман Маронг (24), напаѓачот од Гамбија, е ново име во таборот на Силекс. Маронг во есенскиот дел беше во составот на Воска, претходно играше и за Брера Струмица во времето кога таму тренер беше Александар Васоски.
Нема сомневање дека Силекс во Маронг доби исклучително квалитетно засилување. Да потсетиме дека пред 4-5 години напаѓачот од Гамбија беше дел од Ц. Звезда.