Повремениот македонски репрезентативец Егзон Бејтулаи од вечерва и официјално е нов член на Дрита Гњилане, клуб од Суперлигата на Косово. Некогашниот капитен во изминатите шест месеци играше за Гњилане, значи само го смени клубот, но не и градот во Косово.
Бејтулаи некогаш беше капитен на Шкендија, а за Дрита потпишал договор од 1,5 година. Тој денеска им се приклучил на своите нови соиграчи во кампот во Анталија каде се наоѓа косовскиот клуб на подготовки.