Дончиќ се врати со трипл-дабл, но Далас загуби во Калифорнија

154

Во дербито на вечерта во НБА лигата, екипата на Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен славеше над Далас со 127:110. Дианџело Расел ги предводеше Лејкерси до четвртата победа во последните шест натпревари со 29 поени, а Ентони Дејвис, кој беше на прагот на трипл-дабл со 28 поени, 12 скока и девет асистенции заедно со Леброн Џејмс (25) придонесоа во победата на домашните.

Лука Дончиќ, кој се врати во тимот на Далас откако пропушти три натпревари поради истегнување на десниот зглоб, мечот го заврши со 33 поени, 13 скока и десет асистенции за седми трипл-дабл сезонава и вкупно 63 во кариерата.

Кливленд ја забележа шестата победа во низа откако победи против Милвоки со 135:95, а Бостон беше подобар од Сан Антонио со 117:98. Њујорк го победи Хјустон со 109:94, предводен од Џулиус Рендл и Џејлен Бренсон, кои постигнаа 31, односно 30 поени.

Натпреварот меѓу Јута и Голден Стејт беше одложен поради ненадејната смрт на помошниот тренер на Вориорс, Дејан Милојевиќ.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Минесота 117-124

Атланта – Орландо 106-104

Бостон – Сан Антонио 117-98

Кливленд – Милвоки 135-95

Њујорк – Хјустон 109-94

Торонто – Мајами 121-97

Њу Орланс – Шарлот 132-112

ЛА Лакерс – Далас 127-110

Портланд – Бруклин 105-103

ПретходноБразилски репрезентативец во Ал Хилал
СледноМексико се откажа од трката за домаќин на ЛОИ 2036