Сенад Јаровиќ во следните шест месеци нема да биде дел од нашиот шампион. Имено како што информираат од струшкиот клуб, Босанецот со германски пасош во пролетниот дел ќе го носи дресот на Гњилане, тим од Косово и тоа како позајмен играч на Струга ТЛ.
Раководствата на двата клуба веќе ја потпишаа позајмицата и Јаровиќ ќе биде член на косовскиот тим од 20 јануари до 15 јуни. Тој ќе отпатува со Струга ТЛ во Анталија а таму ќе им се приклучи на своите нови соиграчи на Гњилане.