Струга ТЛ – Караорман 4:1 е епилогот од денешниот пријателски меч меѓу градските ривали, меч кој се одигра на стадионот во Струга. Јасно беше дека се освен победа на шампионот против второлигашот и тоа убедлива, ќе биде изненадување.
Па така четата на стратегот Шпетим Дуро се погрижи овој прв натпревар во 2024 година да го добие убедливо.
По првите 45.минути резултатот беше 3:0, потоа 3:1 и на крај конечни 4:1
Стрелци на головите за Струга ТЛ беа Ибраими, Мазрекај, Компаоре и Јаровиќ, додека за Караорман стрелец беше Перески. Натпреварот го судеше Јован Качевски од Струга.