Верстапен по судирот со Хамилтон уште во првиот круг ја заврши трката во Силверстон!

150

 

Макс Верстапен, првопласираниот во генералниот пласман во годинашната сезона во Формула 1 уште во првиот круг во Силверстон ја заврши трката. Имено Холанѓанецот ја имаше полпозицијата, тргна прв, но Луис Хамилтон исто така тргна силно и уште по првите метри, на стартот од трката сакаше да го претрка Верстапен. Но откако не успеа во првиот, па и во вториот обид, во третиот дојде до контакт на двата болиди, тој на Ред Бул и на Мерцедес, и Верстапен заврши надвор од патеката. Веднаш по излетувањето на  Холанѓанецот, трката на Силверстон на ГН на Велика Британија е во прекин.

ПретходноЈунајтед подобар од Дерби Каунти на првата контрола летово
СледноХрват доби дозвола да заигра за Азербејџан