Познати се сите контролни средби кои ќе ги одигра селекцијата на Македонија до стартот на новото натпреварување од Лигата на нации кое се игра на есен.
Новиот мандат на селекторот Благоја Милевски почнува со пријателскиот меч на 21 март и тоа против селекцијата на Молдавија. Средбата ќе се игра во познатиот турски центар Анталија, а таму на 25 март нашиот национален тим ќе ги одмери силите и со селекцијата на Црна Гора.
Македонскиот национален тим е редовен гостин во Анталија каде често игра контролни средби. Постоеше шанса токму таму да одиграме дуел пријателски и со селекцијата на Уругвај но таа го откажа својот престој во Турција во терминот на ФИФА.
Од претходно е познато дека во јуни и гостуваме на Хрватска во Ријека а потоа и на Чешка. Тоа се двата тест дуели во јунскиот термин и со силни селекции. Тоа значи дека домашната јавност до септември нема да го види националниот тим на домашен терен.
Ждрепката за Лигата на нации ќе се одржи на 8 февруари во Нион, а Македонија е во Лигата Ц и во третиот од четирите шешири. Оваа генерација со актуелниот селектор во Лигата на нации имаат обврска да ги нападнат првото место.