Доаѓа нова „бомба“ од Германија: Баерн подготви спектакуларно засилување за крајот на јануари!

997

Баерн не е толку често премногу активен во јануарскиот преоден рок, но овојпат во Минхен е многу „позафатен“ од вообичаено. Неодамна во клубот пристигна и Ерик Диер, но според германските медиуми, гигантот од Минхен носи уште едно засилување од англиската Премиершип.

Угледниот Билд објави дека Баерн сака да ја засили десната бековска позиција и дека изборот паднал на Киран Трипие, кој моментално игра во многу добра форма во Њукасл.

Иако се чинеше дека нема ништо од тој трансфер бидејќи тој е еден од најдобрите играчи на Њукасл, се чини дека ништо не е невозможно.

Имено, Њукасл мора да го подобри својот статус во однос на финансискиот фер-плеј, а продажбата на Трипие може да дојде како кец на десетка.

Баерн е многу заинтересиран за доведување на 33-годишниот десен бек и преговорите се веќе започнати. Исто така, и самиот Трипие нема ништо против да замине во Минхен, и се надева дека се ќе се реши брзо.

ПретходноЃоковиќ со моќна порака по повод големиот празник Богојавление- Водици
СледноФранцузите ги обвинија Хрватите за расизам