Најдобрата тенисерка на светот Ига Швјонтек изгуби од 19-годишната Линда Носкова од Чешка во третото коло на Австралија опен. Чешката тенисерка првпат во кариерата успева да обезбеди настап во сингл во Мелбурн, а сега ја елиминира најдобрата на светот.
Носкова славеше со 2:1 (3:6, 6:3, 6:4).
Во наредната рунда, 50. на ВТА листата Носкова ќе игра со подобрата од дуелот Голубиќ-Свитолина.
Швјонтек по оваа елиминација остана на четири освоени Гренд слем пехари.
“𝙎𝒉𝙚 𝙬𝒂𝙨 𝙛𝒆𝙖𝒓𝙡𝒆𝙨𝒔”
Linda Noskova knocks out world No.1 Iga Swiatek 3-6 6-3 6-4 😱🤯#AusOpen pic.twitter.com/R7kX4EdVH8
— Eurosport (@eurosport) January 20, 2024