Готово е: Роналдо е нов играч на Шкендија, а Брегалница добива отштета!

3368

 

Има договор, а тоа значи дека напаѓачот од Јамајка и досегашен член на Брегалница, Роналдо Вебстер е третото зимско засилување во редовите на Шкендија. Раководствата на двата клуба се договориле за висината на отштетата, тетовци имаат договор со Роналдо околу личните услови и сега се чека само на промоција.

Да потсетиме дека Роналдо во Брегалница дојде минатото лето. Имеше одлична полусезона па затоа и стана еден од најбараните играчи оваа зима во ПМФЛ. Шкендија беше најупорна и најконкретна и затоа и го доби.

Па така по Ване Крстевски и Стефан Коцев, Роналдо е третото ново име оваа зима во тимот на стратегот Јетин Беќири.

Дознаваме дека Шкендија и натаму притиска за Инацио Куевен, но сепак проблем е квотата на странци.

ПретходноНе е ни првотимец во третолигаш, а Реал сака да го донесе во своите редови
СледноТФТ „лесно“ ги реши „црвено-црните“