Признание кое ретко го слушаме од Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

1920

Вчера во Дубаи се одржа доделувањето на наградите за најдобри фудбалери во 2023 година во организација на Глоуб Сокер, а за најдобар играч е избран Ерлинг Халанд.

Иако Португалецот, Кристијано Роналдо беше рекорден стрелец во 2023 година, Халанд сепак ја освои Лигата на шампионите, англиската Премиер лига и ФА Купот.

Додека се чекаше прогласувањето на победникот, камерите ги снимија Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд. Португалецот наводно рекол дека „Халанд го заслужува тоа“.

Исто така, додека зборуваше, Кристијано Роналдо направи неколку гестови со раката кон местото каде што се наоѓа Ерлинг Халанд. Португалецот призна дека Халанд имал подобра година и дека целосно го заслужил трофејот.

Секако, злите јазици веднаш коментираа дека на овој начин Роналдо го „спушти“ својот голем ривал Лионел Меси, кој според многумина пред Халанд ја доби наградата ФИФА The Best.

ПретходноФилип Кузмановски е новиот капитен на Пелистер
СледноГи скина лигаментите во коленото: Влхова ја заврши сезоната во Светскиот куп