За една од најдобрите скијачки, Петра Влхова, заврши актуелната скијачка сезона.
Влхова доживеа тежок пад пред околу 15.000 локални навивачи во словачкаиот зимски центар Јасна, а по првите анализи беше констатирано дека станува збор за скинати лигаменти на коленото.
Со оглед на тоа дека се работи за тешка повреда, сезоната за Влхова е завршена. Информацијата ја потврди нејзиниот тренер Мауро Пини.
Влхова сезонава забележа три победи во слалом, а моментално е втора во генералниот пласман на Светскиот куп зад Микаела Шифрин.