Магдевски одмазднички го збриша МЗТ среде Аеродром, победи за Работнички и Еуро Никел

860

Три средби од првото годинешно коло во Првата кошаркарска лига се одиграа вечерва во ист термин, а главното изненадување се случи во Скопје, каде екипата на Пелистер успеа да го совлада шампионот МЗТ Скопје А. и тоа на годински терен со 66:72. Битолчани одиграа еден одличен меч и предводени од некогашниот „плеј-“ на „штрковите“, Андреј Магдевски, успеаја да дојдат до голема победа, со која му го нанесоа само вториот пораз на шампионот сезонава.

За „пелистерци“ ова беше десетта победа со која се приближуваат до самиот врв. Магдевски со 20 поени ги предводеше гостите до триумф, додека кај екипата на МЗТ Скопје А. најефикасен беше Расел со 16 поени.

Работнички успеа на домашен терен да слави над Чаир со 84:70. со одлична кошарка во првите 20 минути, Работнички се чини го реши победникот на мечот. Декоси со 18 поени беше најефикасен кај домашните, додека кај Чаир 24 поени останаа запишани зад името на Роби.

Второпласираниот тим на табелата, Еуро Никел на домашен терен беше подобар од Гостивар. Кавадарчани немаа посебни проблеми да дојдат до победата од 97:85, зато ашто резултатски исчекор кон нов 11-ти сезонски триумф направија во вториот период кога направија предност од 11 поени и на полувреме заминаа со +14.

Смит Меквин со 26 поени ги предводеше домашните до триумф, додека кај Гостивар, Инграм запиша 29 поени.

ПретходноДе Роси дебитираше со победа на клупата на Рома
Следно„Сити Парк Бојс“ се мајтапат со МЗТ Скопје, извадија транспарент со пинг-понг