“Пандевци“ ремизираа со Детонит, стрелаше Аргентинецот Нико!

855

Попладнево на теренот на спортскиот центар “Пандев“ во Струмица, екипата на Академија Пандев одигра 1:1 со второлигашот Детонит. Во првиот дел тренерот на “пандевци“ Александар Васоски им даде шанса на играчите кои важат за првотимци и тој период струмичани го добија со 1:0, и тоа со голот на Аргентинецот Нико, кој е на проба и кој треба да потпише за “пандевци“. Инаку игра во стоперската линија.

Во второто полувреме Васоски во игра ги внесе и останатите свои играчи, па можеби затоа Детонит во 88.минута успеа да израмни за конечни 1:1.

ПретходноСара Миновска во Ол-стар тимот на ЕХФ шампионатот
СледноСерхио Рамос заборави дека веќе не го носи дресот на Реал (ВИДЕО)