Од квалификации до полуфинале на Австралијан Опен

338

Украинската тенисерка Дијана Јастремска денеска се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, откако по два сета со 6:3, 6:4 ја совлада 50. тенисерка во светот, Линда Носкова.

Јастремска, 93. тенисерка во светот, победи по 78 минути и за првпат во кариерата се пласираше во полуфинале на Гренд слем турнир.

Јастремска е само втората тенисерка во опен ерата која успеала да стигне до полуфиналето по квалификациите на Австралија опен од 1978 година, кога тоа го направила Кристин Стори.

Таа во полуфиналето ќе игра против подобрата од последниот четвртфинален дуел меѓу Калинскаја и Женг.

ПретходноАлександар Крстев од Свети Николе е најнов милионер со освоени 1 682.163 денари
СледноГерманија не можеше да посака да биде поинаку, Хрватска доаѓа како „кец на десетка“