Челзи побарал „луда“ сума за да и го продаде Лукаку на Рома

1587

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, кој игра на едногодишна позајмица во Рома, може да остане во римскиот клуб, но само ако Италијанците извадат на маса 43 милиони евра. Ова е сумата која Челзи ја поставил за слободата на Белгиецот.

Управата на Рома е задоволна од настапот на белгискиот напаѓач и сака да го задржи во тимот, но сумата која Челзи ја бара за него, „волчицата“ сигурно не може да ја плати. Забележано е дека Ал-Хилал продолжува да има аспирации кон Лукаку. Претставниците на Саудијците ќе стапат во контакт со Белгиецот ова лето и ќе му понудат двегодишен договор со плата од 30 милиони евра.

ПретходноБрестовац на клупата на Ал Сафа во С. Арабија
СледноМајорка ја запре Џирона во четвртфиналето на Копа дел Реј