Долг пат и возење од околу 20 часа им престои на фудбалерите и стручниот штаб на Работнички, кои денеска заминуваат на подготовки во Хрватска.
Управата на клубот одлучи екипата со автобус да го мине долгиот пат до Медулин со оглед на тоа дека авионските билети драстично поскапеле во последните неколку дена.
Скопскиот клуб до 7 февруари ќе се подготвува во Хрватска пред стартот на вториот дел од сезоната. Таму екипата има закажано три тест средби и тоа со Младост од Црна Гора (28.01), Карловац од Хрватска (31.01) и Тичи од Полска (03.02).
За потсетување дека во Медулин е и Македонија Ѓорче Петров, и тие се таму со денови но патуваа со авион до Загреб.