Најголемата млада ѕвезда не оди на ОИ поради коронавирус

163

На неколку дена пред стартот на Лените Олимписки игри во Токио, уште една тенисерка го откажа своето учество. Станува збор за американската тинејџерска сезнација, Коко Гоф, која има коронавирус.

„Рачозарана сум што мора да споделам една вест, заразена сум со коронавирус и не можам да учествувам на Игрите во Токио. Од секогаш сум сакала да ја претставувам своја земја на олимпискиот турнир. Се надевам дека во иднина ќе има шанса да го сторам тоа. На САД му посакувам се најдобро, и секако безбедни Игри на сите олимпијци“, пиша 17-годишната Коко на својот „Твитер“ профил.

Пред Коко настапот на ОИ во Токио го откажаа Серена Вилијамс, Халеп, Азеренка, Кербер…

ФОТО: Коко Гоф/Твитер

ПретходноШампионското славје во Италија донесе нови Ковид-проблеми
СледноСудија во Србија 22 пати прегледуваше снимка за да досуди пенал