Иако се уште не ја добива вистинската шанса и минутажа во својот нов клуб, Елиф Елмас е интересен за наивачите на РБ Лајпциг и постојано се појавува на клупските профили на социјалните мрежи. Во последните „прашања и одговори“ за нашиот „дијамант“, тој одговараше на неколку интересни прашања.
Меѓу тавче гравче и селско месо предност му даде на гравчето, а за свој идол од детството повторно го спомена легендариот Бразилец, Роналдињо.
Не крие дека зборува доста јазици, а сега учи и Германци за кој вели дека му оди многу добро. Останатите „прашања и одговори“ во постот на Инстаграм профилот на РБ Лајпциг.