Пет меча, пет порази, нула голови. Дали стадионот на Тотенхем е проклет за Пеп?

319

Вечерва во рамките на ФА Купот, Манчестер Сити му гостува на Тотенхем. Тоа нема да биде лесна задача за тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола кој има непријатно искуство на стадионот на Тотенхем.
Статистиката покажува катастрофален ефект на Пеп на овој лондонски стадион – пет меча, ниту една победа, нула освоени поени и нула голови (четири порази во Премиер лигата и еден во ЛШ).

Зошто е тоа така ниту на Пеп не му е јасно. Каталонецот вели дека веројатно одбранбените фудбалери на Тотенхем се повеќе мотивирани кога играат против Сити.
Да, тие добро се бранат против нас. Девет од нивните фудбалери се зад топката. Не е лесно да се пробие таков тим. Тоа веројатно е проблемот. Ние секогаш добро играме на то стадион, но не можеме да дадеме гол и да победиме“, изјави Гвардиола по поразот во август 2021 година.
Последен пат Сити славел над Тотенхем во гости во октомври 2018 година но тогаш „Спарси“ го „рентаа“ популарниот „Вембли“ затоа што нивниот стадион беше во изградба.

 

 

ПретходноМедведев по епски пресврт обезбеди финале на Австралија опен
СледноВицепрвакот е комплетен: Во Автокоманда се работи под „полна пареа“ (ВИДЕО)