Николас Анелка стана спортски директор на турски второлигаш

359

Легендарниот француски напаѓач Николас Анелка има нова работа, но не како тренер, туку како спортски директор. Тој пристигна во турскиот второлигаш Умраниеспор кој има големи амбиции во иднина.
„Добредојдовте, професоре. Нашиот клуб се договори со Анелка. Му посакуваме успех на позицијата спортски директор“, пишува турскиот клуб.
Умрание моментално е на 12 место во втората турска лига и сака да обезбеди опстанок, а веќе од наредната сезона да фати сериозен залет и да ја зацврсти екипата.
Анелка играше за ПСЖ, Арсенал, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Болтон, Челзи, Јувентус, ВБА и кариерата ја заврши во Мумбај сити во Индија. За Франција има 69 настапи.

ПретходноГерманија во „солзи“, Данска после 10 години ќе игра финале на ЕП
СледноПартизан со нов пресврт до победа, Барса падна во Милано