Алегри за шампионската трка: Ниe сме Синер, а Интер е Ѓоковиќ

56

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри направи интересна паралела на италијанската Серија А и тенискиот меч меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ на Австралија опен кој го доби Синер кој ќе игра во финалето.
За својот тим во шампионската борба со Интер вели дека е тоа што е Синер против Ѓоковиќ – млад предизвикувач.
Пред ова коло во Серија А, Јувентус има бод повеќе и меч повеќе од Интер.
Кој е тука Синер, а кој Ѓоковиќ? Интер или ние? Можам да кажам, со оглед на тоа дека сме помлади, ние сме Синер. Но, не знам, ако речам дека е обратно можеби тоа би го сфатиле како провокација. Чуствителни се“, изјави Алегри.
Јувентус ова коло ќе игра против Емполи, а нивниот меѓусебен дуел е на „Сан Сиро“ на 4 февруари.

ПретходноГвардиола за Клоп: Сега помирно ќе спијам, поради него имав кошмари
СледноСабаленка без загубен сет го освои трофејот на Австралија опен