Милик го остави Јуве на цедило, па „Старата Дама“ освои само бод со Емполи (ВИДЕО)

153

Со играчл помалку, Јувентус не успеа да го совлада Eмполи на домашен терен во натпреварот од новото коло на Серија а лигата. Иако Душан Влаховиќ во последните три натпревари постигна пет гола, денешниот не успеа да им донесе три бода на момците на Алегри.

Аркадиуш Милик е трагичарот, откако веќе во 18. минута стартуваше со отворен ѓон врз противникот, па доби директен црвен картон. Гостите големиот бод го обезбедија во 70. минута кога Балданци ненадејно шутираше кон противничкиот гол, кој заврши зад грбот на голманот Шчесни.

Јувентус е прв на табелата со 53 бодови, но и со два натпревари повеќе од второпласираниот Интер кој има два бода помалку. Емполи стигна до 17 бода и се уште е во зоната за испаѓање.

ПретходноМовинкел најдобра на тричасовниот спуст во Кортина
СледноДала ја однесе Ангола во четвртфинале на КАН 2024 (ВИДЕО)