Ненад Димитријевиќ одигра меч за паметење во ВТБ Лигата. Денеска нашиот репрезентативец постигна рекордни 35 поени за својот тим Уникс Казан ви победата над екипата на Автодор со 89:71.
Димитријевиќ покрај одличниот шут имаше и 6 скока, 6 асистенции и четири украдени топки.
Уникс Казан е втор на табелата зад ЦСКА (М) на Емил Рајковиќ, која исто така денеска обезбеди висока победа на гостувањето кај МБА Москва со 52:88.