Баер (Л) одигра без голови со Борусија (М), Баерн им се доближи на два бода

69

Фудбалерите на Баер Леверкузен не успеаја да победат на денешниот дуел дома со Борусија (М) и дозволија Баерн (М) да им се доближи на само два бода во битката за првото место на табелата.

Избраниците на Чаби Алонсо одиграа без голови (0:0) против Борусија Менхенгладбах на домашен терен во 19. коло, па сега се на врвот на табелата со 49 бодови, што е два повеќе од Баерн, кој денеска победи во Аугсбург со 3:2.

Гладбах е на 12. место со 21 бод на своето конто.

ПретходноДимитријевиќ со рекордни 35 поени во новата победа на Уникс Казан
СледноШок за Барса: Виљареал слави во Каталонија во меч со два големи пресврти! (ВИДЕО)