Барселона вечерва доживеа уште еден тежок удар во шпанската Ла Лига. На мечот со Виљареал, Каталонците беа поразени со 3:5 во меч со два големи пресврти.
Виљареал го заврши првиот дел со водство од 0:1 со голот на Жерар Морено, а на стартот на вториот дел гостите преку Ахомач веќе поведоа и со 0:2. Барса брзо дојде од 0:2 до 3:2 и најави голем пресврт за можна победа. Веќе во 60. минута Илкај Гундоган со додавање на Левандовски намли на 1:2. Овој гол придонесе Барса да го зголеми притисокот пред голот на гостите, а во 68. минута Педри погоди за 2:2!
Секако и Барса не беше задоволна од ремито, продолжи да напаѓа од минута во минута, а целосен пресврт се случи веќе во 71. Минута. Домашните изнудија слободен удар, Гундоган упати центаршут во шеснаесетникот, каде Ерик Баили ја зафати топката и ја смести во сопствената мрежа за 3:2 за Барса.
И кога се чинеше дека е само прашање на време кога Барса ќе го потврди триумфот, во 84. минута Гонзало Гедес израмни на 3:3. Примениот гол не смени ништо во начинот на игра на Барселона, која продолжи да напаѓа, а во судиското продолжение заборави на одбраната. Гостите од два контранапади постигнаа два гола и успеаја да слават. Сорлот погоди за 3:4, а конечните 3:5 ги постави Моралес.